Полицијата се уште трага по лицата кои вчера со оружје нападна четворица на патот Кочани – Зрновци

0
457

Полицијата се уште трага по лицата кои вчера со оружје нападна тројца на патот Кочани – Зрновци и им нанесоа телесни повреди. Инцидентот се случил откако четири  лица кои се превезувале со исто возило случајно застанале да испушат цигара.

Во тој момент на нив им пришле две вооружени лица и ги нападнале. Едниот од нив, поради сериозноста на повредите е задржан на лекување во Кочанската општа болница.

Засега нема индиции за тоа кои се напаѓачите и кои биле мотивите за нападот:

„Се работи на целосно комплетирање на настанот и по негово целосно расчистување, дополнително ќе ја информираме јавноста“, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Ова е прв вооружен инцидент во регионот во кои жртви се случајни минувачи. Иако, нападнатите се оградуваат од секаква поврзаност со напаѓачите, истрагата треба да утврди дали тие навистина се случајни жртви или сепак некој од нив , нешто знае.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here