Половина Влада и премиерот денес го анализираа Штип

342

Четворица министри и техничкиот премиер Оливер Спасовски денес  беа во анализа на работењето на институции и фирми  во Штип.

Најрано својот дел од работата го започна минитерот за земјоделие Трајан Димковски кој беше во посета на Филтер станицата во Штип. Оттаму, тој  инфомираше дека е отворен  тендер  за опрема  за Филтер станицата со што ќе се финализира  поврзувањето на општините со хидросистемот „Злетовица“.

Во Карбинци веќе е затворен тендерот и е избран изведувачот. Проектот е проценет на 85 милиони денари, а овде во Штип проценетата вредност е 290 милиони денари за доизградба на филтер станицата со најсовремена технологија односно со ултрафилтрација. Така што се очекува на 5 февруари да се затвори повикот односно оние фирми што имаат пројавено интерес нивните апликации ќе се разгледаат и многу бргу очекувам да се започне со активностите, бидејќи парите се обезбедени во буџетот преку МЗШВ, изјави Трајан Димковски, министер за земјоделство

Во контекст на стабилното снабдување со вода на Штип градоначалникот Благој Бочварски изјави.

Токму поради ова навистина е голема инвестиција од пет милиони евра која што ќе се вгради во опрема и во одредена доградба на уште еден објект до самата филтер станица, со цел да ја преработува водата од хидросистемот Злетовица. Со тоа го решаваме долгорочно снабдувањето со вода на градот Штип, изјави Благој Бочварски, градоначалник  на о. Штип

Министерот за здравство Вено Филипче имаше средба со штипките пензионери но ја посети и Клиничката блница. Новото е што Филипче  нагласи дека Владаат го одобрила проектот за електромеханичката поврзаност на новиот објект на болницита  кој е одобрен и од Банката на Советот на Европа која е финансиер на проектот.

„Во периодот кој што следи треба тие варијации да се потпишат од сите страни за да може да се почне со работа таму каде што се застана односно таму каде се видоа недостатоците во проектот.Ќе напоменам дека во меѓувреме се работи и на позиции каде не требаше ревизија на фасадата и на некои други помали работи.Така да со оглед на тоа што сега веќе е завршен целиот тој процес, очекуваме поинтензивна работа за да конечно се финализира и заврши овој објект“ изјави Венко Филипче, министер за здравство

Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска беше во касарната Јане Сандански  од каде најави повисоки плати и подобри услови за  припадниците на Армијата.

Ангажираните во Армијата, кои имаат договори за работа над три години, ќе добиваат по 7.000 денари станбен надоместок. Со покачувањата на платата и овој надоместок, секој војник, кој порано земал по 20.000 денари, сега ќе ддобива по 30.000 денари месечно. Во Штип ќе биде лоциран главниот НАТО ресурс, во име на Првата лесна пешадиска бригада, која ќе биде подобро опремена и професионално обучена“ изјави Радмила Шеќеринска , министер за одбрана

Заедно со Шеќеринка денес во Штип беше и бригадниот генерал  на Обединетото Кралство, Хју Лорд Џонс, кој збруваше за значењето на пешадиската група.

„Лесната пешадиска чета ќе биде подобро опремена, подобро обучена и ќе има подобри ресурси од која било друга конвенционална единица што ја претставувала армијата на терен“ изјави Хју Лорд Џонс,  бригадниот генерал  на Обединетото Кралство

Најголемо внимание техничкиот премиер и владина делегација, посветија на текстилството. При посетата на компанијата Албатрос, ги истакнаа клучните мерки за подобрување на состојбите во оваа свера и за работодавачите и за работниците:

„Факт е дека владата донесе многу економски потези за подобрување на економската клима. Над 35 мил. евра се поделени на 200 компании како државна поддршка“ изјави Оливер Спасовски технички премиер

„Ја донесовме минималната плата за подобрување на животот на работниците а никако на товар на работодавачите и донесовме политика на субвенционирање“ изјави Мила Цароска вицепремиер за економски прашања

„Со унапредување ќе имаме и повисок стандард за работниците, задоволни работодавачи и економска стабилна држава изјави Сања Лукаревска директор на УЈП Денешната посета на Штип на техничкиот премиер и министрите, беше во склоп со Седницата на Владата.