Помош или поткуп ?! ЕУ додели 2,4 милиони евра за „поддршка“ на медиумите во Србија !

159

Европската унија (ЕУ) обезбеди помош за медиумите во Србија во износ од 2,4 милиони евра за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19 во наредните три години.

Апликантите може да добијат поддршка од 10.000 евра до 150.000 евра, а просечната вредност на грантовите е помеѓу 40.000 и 60.000 евра.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Сем Фабрици, изјави дека целта на проектот е што е можно поголемо ублажување на последиците од пандемијата на Ковид-19,  зајакнување на медиумското опкружување и истото да се направи понезависно и попрофесионално.

Фокусот на ЕУ, кога станува збор за медиумите, е обезбедување амбиент за слобода на изразување, порача Фабрици, оценувајќи дека спроведувањето на принципите на медиумската стратегија, донесена на почетокот на 2020 година, ќе помогне во создавање на поповолен амбиент, што е „клучен елемент за пристапувањето во ЕУ”.