Порака до опозицијата: Владиката Агатангел бара Мицковски да го повика народот на бојкот за референдумот !

0
142

Епископот во МПЦ, митрополитот Агатангел бара од ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира референдумот за името. Во отворено писмо до лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, владиката пишува дека моментално е потребна смиреност, интелигенција и одлучност, истакнувајќи дека „посилниот може да ни ја одземе слободата, но не и достоинството“.

-Бидете и Вие на правата страна и отворено пред целиот свет и пред сета македонска јавност повикајте на бојкот на наместениот референдум кој во блиска иднина ни се спрема за да ја оддува Македонија и македонскиот народ. Само на тој начин ќе покажете дека Вашите корени се насадени на принципите на славното ВМРО. Секогаш имајте предвид дека ВМРО не е затворено во некаква зграда и накитено со статути и програми. ВМРО е душата на македонскиот народ, односно искрата која го потпалува народниот стремеж за сесрдна борба против неправдата.-пишува Агатангел до лидерот на опозицијата Мицковски.

Од ВМРО ДПМНЕ не го коментираат писмото на Агатангел. Во меѓувреме, портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј за Алсат рече дека ставот на Агатангел не е и став на црквата.Митрополит Тимотеј, Портпарол на МПЦ:

„Овој е личен став на митрополитот Агатангел и никој не може да му забрани да мисли како што сака. Писмото на митрополитот Агатангел во ниту еден случај не може да биде и став на црквата. Црквата не треба да се меша во политика и свештените лица не треба да се занимаваат со политика. Секако, ова е негово лично мислење.“

Oва не е првпат владиката Агатантел да изразува политички ставови. Тој неколку пати се противеше на промена на уставното име, а зема и учество на протестите кои се организираа против преговорите со Грција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here