Поранешен претставник на Ватикан го обвини Папата дека знаел за сексуалните злоставувања кои се прават !

0
73

Поранешниот висок претставник на Ватикан, Карло Марија Вигано побара од папата Франциско да поднесе оставка, бидејќи, како што вели, уште пред пет години му ги предочил обвинувањата за сексуални злоставувања, со кои бил соочен поранешниот кардинал Теодор Макерик.

Макерик, чија оставка минатиот месец ја прифати папата, е прв кардинал кој поднел оставка од висока позиција во црквата, откако истрагата утврдила дека наводите дека злоставувал 16-годишно момче, се кредибилни, пренесе Ројтерс.

Вчера папата Франциско, за време на неговата посета на Ирска, нагласи дека се срами поради неуспехот на црквата да го спречи злоставувањето врз децата, но и од прикривањето на одвратните злосторства. Тој во Ирска се сретна со осум жртви на злоставувања од страна на свештенството.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here