Поставени над 70 канти за отпадоци во Штип

0
106

Нови 70 кантички за отпадоци поставува јавното претпријатие „Исар“. Работите за нивно монтирање започнаа денес, во делот на централното градско подрачје :

„Кај новата фонтана веќе имаме поставено 4, а останатите ќе се поставуваат од двете страни на река Отиња. Исто така уредивме и жардиниера кај малиот плоштад. Морам да напоменам дека кантичките се донација од штипски компании и апелирам ова да биде поттиг за сите да се вклучат во оваа иницијатива“, кажа Живко Тасев, дир. на ЈП „Исар“ – Штип.

Освен во централното градско подрачје, „Исар“ канти ќе поставува и во населените места.

Во меѓувреме, заврши тендерската постапка за набавка на нова метачка :

„Метачката во наредните 15-20 дена ќе биде набавена, а нејзината вредност е 5 милиони денари, изјави Тасев.

Средствата за новата машина се од буџетот на јавното претпријатие „Исар“, кои се обезбедени преку кратење на непотребни трошоци и расходи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here