Почина актерот Иан Холм, познат како хобитот Билбо Багинс

188

Актерот Иан Холм, познат по улогата на Билбо Багинс во Господарот на прстените, починал на 89-годишна возраст. Веста за смртта ја потврдил неговиот агент за „Гардијан“.

“Со голема тага објавуваме дека Сер Иан Холм почина. Тој почина мирно, во болница, опкружен со семејството и пријатели”, изјавил агентот, додавајќи дека неговата болест е поврзана со Паркинсоновата болест.

„Шармантен, љубезен и неверојатно талентиран, многу ќе ни недостига“, заклучил тој.