Почна гласањето. На Истокот, денес гласаа близу 300 болни и 206 затвореници

0
179

Почна гласањето. На Истокот, денес гласаа 298 болни и 206 затвореници.

По општини, најмногу се гласаше во Делчево каде има 88 пријавени за гласање дома, во Берово 32, во Штип 29, во Македонска Каменица 28, во Кочани 22; Пехчево 13; Виница 12; и по еден во Карбинци и Чешиново Облешево.

Сите општински одбори го добија избирачкиот материјал, по што започна и гласањето во домашни услови:

  • Имав голема желба да гласам, ама не можам да отидам на гласачкото мести, ногата ми е инвалидна, ама еве гласам дома. На сите избори секогаш сум гласала , кажа Мара Станкова, гласач.

Баба  Мара беше единствениот гласач на ова избирачко место во Штип, пријавена за гласање во домашни услови:

  • Избирачкиот материјал е добиен, церлосно сме подготвени. Денес имавме само еден пријавен гласач и гласањето помина во најдобар ред. Спремни сме за утре. Вкупно на список имаме запишано 940 гласачи, кажа Сашко Корунивски, прет. на ИМ 2292 – Штип.

Делчево годинава има пријавено најмногу болни и изнемоштени за гласање во домашни услови, вкупно 85:

  • Комплетно сме подготвени. Денес од вкупно пријавени 99 гласачи, гласаат 85, нема никакви проблеми. Вкупно на избирачки список во Делчево има 14.721 запишан гласач, кажа Владимир Петровски, прет. на ОИК – Делчево.

Во Штип, како посебно избирачко место на кое се гласаше денес беше штипскиот затвор:

  • Гласањето се одвива во најдобар ред, досега излезноста е над 40 отсто, нема никакви проблеми, истакна Влатко Конев, заменик претседател на ИМ 2291 – Штип.

Вкупно во регионот денес за гласање беа пријавени 504 лица. Сите останати, вкупно 152.438 гласачи ќе имаат можност да гласаат утре:

  • Во Штип има запишано 41.854 гласачи, ќе се гласа на 77 избирачки места, ОИК е комплетно подготвен, кажа Сенка Андреева, прет. на ОИК – Штип.

Најмногу запишани гласачи има во Штип. Следуват Кочани со 32.966; Виница 17.130; Делчево 14.721; Пробиштип 12.643; Берово 10.963; Македонска Каменица 6.666; Чешиново Облешево 5.564; Пехчево 4.178; Карбинци 3.195 и Зрновци 2.558 запишани  гласачи.

Избирачките места се отвораат во 07.00 часот, а се затвораат во 19.00.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here