Почна тестирање на руската вакцина против Ковид во Москва, со 40.000 доброволци !

124

Московјаните почнаа да се вакцинираат од коронавирус во рамките на пострегистрациското испитување на препаратот, соопшти Анастасија Ракова, заменик-градоначалник за прашања на социјален развој.

„Тоа ќе ни овозможи да го забрзаме процесот и вакцината побргу да стане достапна за секого. Се вакцинирани првите учесници во испитувањето“, рече таа.

Властите на Москва и Националниот истражувачки центар „Гамалеја“ ги повикуваат жителите на главниот град на Русија да учествуваат во експериментот. Вакцинацијата е бесплатна, потребни се 40.000 доброволци.

При првите испитувања препаратот формираше стабилен хуморален и клеточен одговор кај 100% од учесниците и не предизвика кај нив сериозни несакани последици според ниеден критериум.

Нивото на антитела кај вакцинираните доброволци е 1,4-1,5 пати поголем од нивото на антитела забележано кај лицата кои го преболеле COVID-19.