Почнува пријавувањето на болни и изнемоштени за гласање дома

0
103

Од понеделник стартува неделата на болни и изнемоштени лица, информираат денеска од ОИК во Штип. Тоа значи, во работното време на ОИК од девет до 19 часот, лицата ќе можат да дојдат и да поднесат своја документација , за да им се овозможи да гласаат ден пред оддржувањето на гласањето на Референдумот…

„Да се има потврда од матичен лекар со дадена дијагноза и потврдата да е потврдена со извештај од лекар специјалист. Потврда од Центарот за социјални работи за нега на болен, туѓа нега или мобилност. Овие документи се потребни болното, изнемошетно или неподвижно лице да го оствари правото на глас на ден пред официјалното гласање, односно на 29 овој месец“, појасни Сенка Андреева – претседател на ОИК Штип.

Се финализира формирањето на избирачките одбори.

„Списокот на тие лица кои ние ги издвојивме во табела минатата недела, е пратен до ДИК. Од таму добивме потврда и наредниот период ќе изогтвиме решениа за истите. Со тоа и избирачките одбори ќе бидат оформени“, информиора Андреева.halpa canada goose takki

Повикот за пријавување за набљудувачи  трае до 27 овој месец. А, кој како ќе биде именуван и распореден за набљудување на текот на гласањето на 30 Септември, ќе појаснат од  ДИК. Засега бројот на гласачи не се објавува, но е познат бројот на избирачки места, 77. Три се укинати поради минималниот број на евидентирани гласачи.

https://www.youtube.com/watch?v=qvaorWBJwBs&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here