Почнува судењето за настаните од април, при насилниот влез во Парламентот !

На 28 луѓе им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок, а на двајца за помагање на делото. „Крвавиот четврток“ била координирана акција, според обвинението. Обвинети се пратеници, високи структури во МВР, организатори на протести...

0
63

Во Кривичниот суд почнува судењето за обвинетите за „крвавиот четврток“ во Собранието. Пред суд ќе се најдат поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, пет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ( Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Трчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов), водачите на здружението „ За заедничка Македонија“, и други граѓани. Дваесет и осум од нив се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а двајца за помагање на делото.

Периодот што се следува се закажани уште 37 термини за главната расправа за ова дело.Предметот за ќотекот во Собранието, го суди Добрила Кацарска.

Обвинителството поднесе обвинение на 27 март годинава. Тогаш од Обвинителството рекоа дека кон тогашниот пратеник, а сегашен премиер Зоран Заев не пукале на 27 април минатата година, иако го имале на нишан, затоа што пред него имало луѓе. Дел од оние што упаднаа во Собранието во две канцеларии во Законодавниот дом поставиле импровизирани експлозивни направи, а напаѓачите користеле сè што ќе им дошло при рака за да извршат насилство, рекоа тогаш од Обвинителството за организиран криминал.

Според Обвинителството, обвинетите го загрозиле уставниот поредок и безбедност со акт на насилство и создале страв кај граѓаните.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here