По вчерашаната заседа на Светиот крст во Штип. Награди за ловците на Светиот крст повеќе да нема

406

Вчерашниот срам во Штип ја обиколи државата и Балканот.   Вековниот обичај и  Светиот крст беа осквернавени пред очите на верниците и свешетениците од  Штипската епархија.

По ова, разочарувањето кај верниците е сосема очекувано.

„Срамота, брука невидена, поголема глупост не може да биде.Тоа е за осуда и не смее да се случи по втор пат се случува во Штип“, изјавија анкетирани граѓани

Од истите причини,  невидена досега количина гнев се истури и во социјалните мрежи.   Речиси 100 000 прегледи  и стотици коментари имаше само на Фејсбук страницита на ТВ Стар .

…Дали овие луѓе знаат кој ден е денес, што се празнува денес, зошто се обележува на ваков начин овој убав празничен ден… Се додека се дозволува со крстот да шетаат по домовите и да собираат пари, ќе го гледаат тоа како материјално благо, а не како религија… Ова е продолжение на филмот што се снимаше пред две години во Ново Село кога и го зедоа на девојката. Срамот за вас, верници сте биле… Срамота и од најголемите празници направиме батак…

По сканадлот,  Инстантната одлука на Владиката  на  Брегалничката   епархија Иларион   Светиот крст да остане во штипската Градска  црква Св. Никола  беше мудра, но  што Црквата  ќе се превземе вакиви и слични слики да нема во иднина.

„Јас кажав за следната година ако се средат работите ќе си биде традицијата како и досега да се шета со крстот низ градот.Доколку и идната година го направат истото , крстото ќе биде во црквата и кој сака да го види светиот крст ќе си дојде во црквата , ние не сме против тие да шетаат со крстот туку да нема вакви немили настани тогаш нема никогаш крстот да оди низ градот туку ќе седи во црквата“ изјави г. Илерион, митрополит на Брегалничка Епархија

Ова е можеби и најдоброто решение  за големиот христијански обичај да  се врати на искрената традиција,  а вербата во Бога да биде пред материјалната корист зашто факањето на крстот е симболика за срека а не било каква материјална корист.

А токму алчноста  е причина за вчерашниот срам  поради кој безобразно и недопустиво  се избербати големиот ден.  Фактот што  во многу места се случува Светиот крст од поединци да биде  факан  по пет пати, само потврдува  дека  Крстот  не бил факан туку ловен со добра организација.   Светиот крст вчера во Штип беше во заседа на ловци на интерес .

Во однос на вчерашниот случај, и за  какви верници  станува збор  можете да видите повторно.  Интегралната  снимка  кажува  кој  прв стигнал до Крстот  но и кој потоа безобразно лаже.

„Чест ми е и мило што прв пат го фаќам крстот од Штип бидејќи сум полу штипјанец, мајка ми е од Штип.За прв пат го фаќам крстот.Како што сите се веселевме со закана пушти го ,пушти го , тоа не е убаво “ изјави Наум Баловски

Но, што за вчерашната недостојна борба за светиот крст изјави еден од актерите во неа, кој за себе тврди дека е првиот кој дошол до крстот:

„Јас си го фатив прв крстот и во тој момент нарипаа околу 10-15 души врз мене , ме бутнаа во водата, ми го теглеа крстот, почнаа да ме штипат ,да ме гребат, јас почнав да реагирам да се борам со нив, да се бранам ,но крстот никако не го испуштив од своите раце , веќе по ред 7 години влегувам мотивот е за здравје, среќа“ изјави Трајче Иванов Поради ова, сосема е логично лицето кое ја направи целата  брука да биде  прекорено, да ги врати подарците , да им се извини на верниците но и , што е најважно, да се покае пред Бога.