По година и половина Штип викендов беше домаќин на еден прволигашки натпревар

0
111

Екипата на Вардар лидерската позиција во прволигашкото првенство си ја обезбеди во Штип. Градот под Исарот за прв пат беше домаќин на еден прволигашки натпревар, по испаѓањето на Брегалница во Втората лига Исток.

Победа, поради руинираниот стадион во Прилеп, ја играше улогата на домаќин во Штип.

Освен двата жолти картони за Најдовски и Спиркоски, ништо особено не го одбележа првото полувреме.

Второто полувреме започна со повеќе ентузијазам. Најпрво во игра влегоа Наумоски на местото на Ристески кај Победа и Попзлатанов на местото на Џуфо кај Вардар, а 10 минути подоцна за 0:1 стрелаше Лира Суса во 56-тата минута од мечот.

Уште неколкуте измени и жолти картони до крајот на мечот не придонесоа за промена на резултатот.

Оваа минимална победа за Вардар беше многу важна, особено поради тоа што дуелот меѓу Академија Пандев и Шкендија во Струмица заврши без победник, што му овозможи на Вардар да ја обезбеди првата позиција на табелата со 20 бодови. Втора е Академија Пандев со 16, пред Шкендија со 15, Победа со 11, Ренова и Работнички со по 10, Беласица со 9, Македонија Ѓорче Петров со 7, Силекс со 6 и последно пласираниот Шкупи со само 5 бодови.

https://youtu.be/atyIoIMtlWQ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here