По жестоките реакции во јавноста, поништен тендерот за реагенси вреден 35 милиони евра !

Министерството за здравство го поништи тендерот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра, кој е дел од проектот за централизација на лабораториите во јавните здравствени установи.

0
118

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека одлучиле тендерот да го поништат, бидејќи имало недостатоци во поднесените документи од единствената фирма која даде понуда на јавната набавка.

„Сметаме дека во овој случај и за овој тендер е некоректно да се склучи договор, иако Законот за јавни набавки дозволува да се склучи договор со една фирма понудувач. Ќе продолжиме со процесот на имплементација на концептот за централизација на лабораториите“, рече Филипче.

Тој кажа дека во следната јавна набавка ќе ги имплементираат искуствата и забелешките за да нема недостатоци во самата тендерска документација и да не се случи вакво нешто повторно.

„Сѐ ќе биде согласно законот за јавни набавки. Немаше никаков притисок да се поништи тендерот од ниту една страна. Разбирам дека кај јавноста има сомнеж за тоа како се прават набавките со одглед на тоа како претходно се работело и за што веќе има и отворени постапки, но немаше никаков притисок за да ја донесеме одлуката. Ги повикуваме компаниите кои работат во оваа сфера да работат на намалување на цените на реагенсите и до 15-20 отсто колку што е пазарната вредност“, рече Филипче.

Единствената фирма што се јави на тендерот е АХР ЛАБ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје која е формирана на 18 април годинава.

Филипче ни денеска не кажа за која фирма станува збор ниту пак коментираше за ова, а на вчерашниот прес изјави: „Детали во однос на фирмата не можам да кажам оти не знам. Прв пат читам детали за фирмата од тоа што излезе во јавноста. Не е точно дека спецификациите се правени само една фирма да може да конкурира на тендерот“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here