По отказот, бившиот тренер на „Барселона“, Сетиен, го тужи клубот и бара четири милиони евра !

107

По дебаклот во Лигата на шампиони на крајот на минатата сезона, управата на Барселона реши да му даде отказ на тренерот Кике Сетиен.

Шпанските медиуми објавија дека Барселона сака да го раскине договорот со Сетиен, но тоа скапо ќе ги чини Каталонците.

Најпрво „Мундо Депортово“ објави дека двете страни се договориле Барса да му исплати отштета од 10 милиони евра, но Сетиен бара 4 милиони повеќе. Проблемите помеѓу „Лос Кулес“ и поранешниот тренер нема да го спречат Роналд Куман да ја предводи Барселона на првиот официјален натпревар во сезоната.