По 40 години, штипската гимназија доби нов котел за грееење. Само годинава, во ова училиште се инвестирани над 100.000 евра

923

По 40 години, штипската гимназија доби нов котел за грееење. Стариот кој е поставен уште во средината на ’70-тите години од минатиот век конечно е заменет со нов.
Ова е дел од инвестициите кои годинава се направени во ова средно училиште.
Освен котелот сменети се врати и прозорци, поставен е нов ламинат во 10 кабинети, нови клима уреди, а набавени се и 15 електронски табли и исто толку LCD проектори, за потребите на наставниот процес.
Сето заедно, само годинава, заокружуваат инвестиција од над 100.000 евра:
„Јас не би коментирал техничкиот дел од мојата работа ,ова се пари на граѓаните ,ова се пари на обврзниците на Македонија ,даночните, Така да мојата основна работа и главна пред се е воспитно образовниот процес , ред ,хигиена, дицсиплина , редовност таму се гледа успехот на еден директор во образованието“ изјави Ристо Петковски, дир. на Гимназија „ С. Стојменски“ – Штип
Штипската гимназија низ децениите наназад, во источниот регион, се наметна како расадник на голем број интелектуалци од сите сфери.
Таа е единствено училиште во Регионо, и едно од ретките во државата која успеја да обезбеди оцекна 4 при интегрираната државна инспекција.
Во ова училиште учат околу 700 ученици, а годишно матурираат по 160.