Прво го продадоа, а сега Барселона решена да си го врати Нејмар – Ги нудат и Гризман и Дембеле за него !

56

Барселона е подготвена да направи големи жртви само за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Каталонските гиганти го продадоа бразилскиот напаѓач за 222 милиони евра во 2017 година во Пари Сен Жермен.Но, од тогаш, постојано се зборува за евентуално враќање на Бразилецот во Каталонија.

Сега, шпанскиот весник „АС“ пренесува дека сегашниот шпански шампион е подготвен да им ги понуди играчите Антоан Гризман и Усман Дембеле на ПСЖ за поранешниот фудбалер на „Сантос“.

Нејмар не ја криеше својата желба да се врати во Барселона.Тоа беше блиску да се случи минатата година.