Home Македонија Предизборно се јавија и бранителите. Потсетуваат дека Државата ги заборавила

Предизборно се јавија и бранителите. Потсетуваат дека Државата ги заборавила

Предизборно се јавија и бранителите. Потсетуваат дека  Државата ги заборавила оние кои пред 20 години ја бранеле. После подолго време, тие за своите проблеми повторно проговорија преку ТВ Стар:

„Никој не обрќа внимание на нас бранителите што бевме 2001 година во војната,како е така е ние сме бранители на оваа држава,нема ставено ниту еден предлог ставено во собрание за нас бранителите,слушаме сега на вестидека администрацијата ќе зимала по онолку по волку .ние бранителите немаме ниту по 15 евра“ изјави бранител

За бранителите, нејасно е како досега , голем дел од нив, државата ги оставила без работа. Поради ова, тие се со конкретен предлог:

„Јас би предложил да ме сослушаат двете партии ,нека има вработувања и од нас бранителите ,нека дојдат нека не соберат еден ден, не само да држат предавање,ова ќе направат она ќе направат,завршат си нивната работа , отидат  си ,а ние си остануваме без работа“ изјави бранител

Од друга страна, единствена политичка партија која во својата стаутарна определба се декларира дека ги застапува интересите на бранителите  е Достоинство:

„Како прво не се согласувам дека бранителите никој никаде не ги споменува,јас ги споменувам каде што можам ,политичката моќ како репрезент на бранителите е мала бидејќи ние во два наврати кога настапивме место да освоивме по 9000 гласови ,во политиката гласовите се тие кои одлучуваат кој ќе успее ,колку некој ќе успее да заврши некои побарувања,    на целната група која ја застапува.За жал факт е дека државата без малку 20 години откако заврши конфликтот не постапи онака како што требаше за бранителите“ изјави Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство

Со Законот за бранители кој е донесен во 2002 година, Државата се обврзува да обезбеди вработување на еден член од семејство на загинат бранител.

Законот предвидува и поволности за решавање на станбеното прашање и образованието на членови на семејството на загинати бранители или на  воени инвалиди.

Инаку, во конфликтот во 2001 година , со статус бранители се стекнаа над 10.000 лица. Животот во воените дејствија го загубија 75 припадници на македонските безбедносни сили.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

За пет месеци од обичен грип, во САД починале 16.000 лица а заразени се над 29 милиона !

Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и ...

ВИДЕО: Илјадници маршираа во Лондон за слобода на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ !

Илјадници луѓе во Лондон, маршираа за ослободување на Џулијан Асанж. Тие протестираа за да извршат притисок врз британската влада да одбие...

ФОТО/ВИДЕО: Први снимки од новиот костим на Бетмен, додека се снимаше во Глазгов !

Бетмен се спушти во Глазгов со целосен оклоп во црно додека во саботата снимаа сцени со брза бркање на мотор.

„Пријатели“ се враќаат на телевизија – Секој од актерите побогат за 3 милиони евра !

НBO Max ги обезбедил правата за серијата за 425. милиони доалри. Глумците ќе учествуават и во продукцијата на епизодите, а секој од...