Пред својата куќа, нападнат и претепан Љупчо Палевски !

190

Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски бил претепан пред својот дом и е во болница. Тој бил пресретнат и брутално претепан од засега непозната група сторители. Toj имал неколку хематомина глава, велат извори од болницата, додавајќи дека има и скршена рака и неколку повреди по телото.

„Денеска околу 17,15 часот пријавено е дека на улицата „Златко Шнајдер“ во Скопје од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Палевски, откако беше пуштен на слобода од притворот во Србија, во Македонија, преку својата активност беше критички настроен кон власта и кон работата на поранешниот прв човек на службата за државна безбедност во МВР Сашо Мијалков.

Тој ја објави аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името. Пред референдумот за промена на името на државата, биле прислушувани и следени новинари, политичари и активисти на движењето „Бојкотирам” во операцијата со кодно име „Атлантик” и тие се товарат со тешки обвинувања за домашен терорирам и македонски екстремизам, објави тогаш Палевски. Палевски изјави дека сите активисти на „Бојкотирам“ се следени, фотографирани и снимани. Предметот содржел 1.400 страници, а тој ги добил од, како што рече, патриоти во службата кои веќе не можеле да го издржат притисокот.

Своевремено Палевски беше и политички ангажиран партија, а беше и издавач на печатен неделник.