Презентација на биоенергетско село во Делчево

0
82

Делчево  е единстваената општина во регионот каде денес беше презентиран проектот Био-Вил, проект за биоенергетско село. Ова прекстично е начин, како од био разградливите маси, да се направи енергија:

„Идејата на овој проект да се потенцираат можностите на таквата отпадна био-маса, која воглавно останува во шумите, неискористена која заедно со сечата  останува во ие шуми. Она што е негативна  појава е тоа што таквата маса претставува потенцијална опасност од појава на пожари пожари. Во овој проект во споменатите три општини ќе се обидеме преку пилот проекти, таквата отпадна био-маса да ја искористиме како системи за греење по јавните објекти во општините“, рече Љупчо Димов, Експертот за енергетска ефикасност.

Можноста отпадот да се претвори во енергија значи и еколошка и економска придобивка:

„Искористувањето на биомасата  и сите останати ресурси кои ги имаме, се од огромно значење од економска, еколошка и енергетска гледна точна, рече градоначалникот на општина Делчево“, кажа   Горан Трајковски, градоначалник на о. Делчево.

Проектот Био-Вил  се реализира од март 2016 година со партнери, како од целните земји, така и од Австрија и Германија и трае до март 2019 година. Во Македонија, освен во Делчево истиот се презентира и во Крива Паланка и Чашка.

Во Делчево се оптимисти дека наскоро ќе успеат да изработат физибилити студија која ќе ги внесе во  светски познатиот проект Био-Вил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here