Преку европски проект, Пехчево доби современ туристички инфо центар

0
99

Општина Пехчево го доби првиот современ туристички инфо центар. Истиот е резултат на успешно спроведениот ИПА проект со оптина Брезница од Република Бугарија насловен како „Платформа за прекуграничен туризам во полето на култура и традиција – ФОЛКЛОР“ :

„Со добивањето на туристичко-информативниот центар, туристите кои ќе го посетат Пехчево ќе имаат можност да ги добиваат сите потребни информации на едно место, што за нас ќе значи дека ќе може да ги промовираме нашите природни богатства. Исто така добиваме и една современа сцена на кој покрај организирањето на постоечкиот Фестивал на дувачки оркестри ќе можеме да организираме и голем број на други манифестации и фестивали со што ќе го подигнеме културниот живот во градот на едно повисоко ниво“, изјави Драган Тренчовски, градоначалник на општина Пехчево.

Проектот се спроведуваше во изминатите 24 месеци, а резултатите од него беа презентирани денес на завршна прес конференција. Во склоп на истиот, беа реализирани и други за двете општини, значајни активности :

„Имаме и заеднички веб портал кој ќе биде алатка за промоција и ќе придонесе за поголема атрактивност и на двете општини. Исто така, во рамки на проектот развиена е и Стратегија за развој на туризмот ќе биде насока за следните чекори а општината“, кажа Јасминка Пашалиска Андоновска, координатор на проектот од Пехчево.

Инфраструктурни активности во склоп на овој проект беа спроведени и во бугарската општина Брезница :

„Ние реконструиравме еден плоштад кој беше исклучително важен за нас и даде нов лик на населеното место. ИСто така, втора година по ред го организиравме Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Фолклорни патеки Брезница“ и планираме да продолжиме да го организираме и во наредните години“, рече Теодорина Тодорова, координатор на проектот од Брезница.

Проектот се спроведе преку Интерег ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија. Буџетот за истиот беше околу 450.000 евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here