Преселбата на Суарез од „Барселона“ во „Јувентус“ неизвесна, бидејќи нема италијански пасош, а ќе мора да полага и за нивниот јазик ?!

103

Најавениот трансфер на Луис Суарез од Барселона во Јувентус е „закочен“ во моментов поради проблем со пасошот на Уругваецот, тврди „Ла газета дело спорт“.

Тие тврдат дека Уругваецот ќе мора да добие италијанско државјанство за да биде сметан како фудбалер од Европската Унија, поради различните закони во Италија и Шпанија. Суарез е оженет со Италијанката Софија Балби, што било доволно Шпанија да го смета како фудбалер од ЕУ, но за да игра во Италија ќе мора да оди на испит за италијанскиот јазик.

Според весникот, Јуветнус биле подготвени да ја му дадат идентична плата на Уругваецот како што заработуваше 10 милиони евра по сезона, откако се верува дека Барселона ќе му ја откупи последната година од договорот и тој ќе замине како слободен играч.