Home Штип Прес на ВМРО ДПМНЕ – СДСМ вработува и поткупува

Прес на ВМРО ДПМНЕ – СДСМ вработува и поткупува

СДСМ спроведува  масовен поткуп на гласачи за изборите.  Со државни пари вработува  секојдневно  и прави грабеж на народните пари, обвини на Прес денес ВМРО ДПМНЕ Штип.

„Изборниот поткуп на големо лицитира со гласовите за изборите што следат. Институциите се полнат со партиски кадар, додека државата се задолжува за исплата на пензии и социјални надоместоци. Во изминативе 3 години, во Штип се вработи вртоглава бројка од 900 лица. Дека навистина станува збор за изборен поткуп, говори и фактот што овие лица мора да обезбедат листа со 20 гласачи, кои на изборите ќе го заокружат редниот број пред владеачката парија.Почитувани сограѓани,Ова е масовен грабеж на народните пари! Ова е жесток удар кон демократијата и законите“ изјави Санела Петрова, ВМРО ДПМНЕ – Штип

На денешниот прес на  опозицијата, од СДСМ  вратија:

„Во ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип настојуваат по секоја цена да прават скандали онаму каде што ги нема, со цел да наметнат свое присуство во јавноста. Но, присуството во јавноста се цени кога е одбележано со работа, идеи и конструктивност во критиките, а не со злокобни коментари, како што е секогаш случајот со ВМРО-ДПМНЕ. На денот кога во Штип се поставува камен темелник на нов покриен базен и кога штипјани ја добиваат оваа нова спортска содржина која е толку значајна за нив, во ВМРО-ДПМНЕ одлучиле да се расфрлаат со неосновани напади за редовни и комплетно законски постапки во институциите.Но, граѓаните нема да дозволат да бидат изманипулирани од злонамерните извртувања на вистината“ стои во одговорот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

За пет месеци од обичен грип, во САД починале 16.000 лица а заразени се над 29 милиона !

Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и ...

ВИДЕО: Илјадници маршираа во Лондон за слобода на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ !

Илјадници луѓе во Лондон, маршираа за ослободување на Џулијан Асанж. Тие протестираа за да извршат притисок врз британската влада да одбие...

ФОТО/ВИДЕО: Први снимки од новиот костим на Бетмен, додека се снимаше во Глазгов !

Бетмен се спушти во Глазгов со целосен оклоп во црно додека во саботата снимаа сцени со брза бркање на мотор.

„Пријатели“ се враќаат на телевизија – Секој од актерите побогат за 3 милиони евра !

НBO Max ги обезбедил правата за серијата за 425. милиони доалри. Глумците ќе учествуават и во продукцијата на епизодите, а секој од...