Прес на ВМРО ДПМНЕ: СДСМ повторно го понижува македонскиот народ

557

СДСМ повторно го понижува македонскиот народ, кажаа на прес од ВМРО ДПМНЕ:

И покрај негативните реакции за поставената табла на Одделението за трансфузиологија, насилничкото однесување на власта продолжува и во другите јавни институции.Вчера беше поставена двојазична табла на Државниот архив, а такви табли има поставено и на други институции.Иако градоначалникот дрско обвинуваше дека „сето тоа е во главите на ВМРО-вците“, сепак вистината веќе излегува на виделина. Во општина каде мнозинството од населението говори на македонски јазик и нема потреба од превод на јазикот на малцинствата, се прави криминално наметнување на туѓи интереси. Очигледно, целта на овој чин е понижување на Македонскиот народ “ изјави Санела Петрова, ВМРО ДПМНЕ – Штип

ВМРО е несочана само кон тоа како државата да ја воведе во нова политичка и економска блокада, возвратија од СДСМ:

„ Со непочитувањето на законските одредби, ВМРО-ДПМНЕ сака да освои политички поени со кои ќе ги загрози политичките и економските текови, да предизвика нови економски и политички блокади, и да нѐ врати децении назад во изолација и нови неизвесни преговори.

Додека тие се занимаваат со табли, ние од СДСМ ја внесовме нашата земја во НАТО и активно лобираме да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ во првиот дел од оваа година. Нема враќање назад“, стои во реакцијата.