Home Штип Прес на ВМРО ДПМНЕ: Штип стана двојазичен. Градиме еднакво општество за сите,...

Прес на ВМРО ДПМНЕ: Штип стана двојазичен. Градиме еднакво општество за сите, возврати Филипче

Штип стана двојазичен, обвини на прес ВМРО ДПМНЕ. како пример за ова тие ја посочија таблата на Трансфузиологија во Клиничката болница која е напишана на македонски, албански и англиски јазик:

„Со оваа табла поставена на зградата на Институтот за Трансфузиона медицина, само уште еднаш се докажува на кој начин СДСМ функционира, само со  манипулации и лаги. Со оваа табла паѓа во вода сето она уверување и убедување од страна на Зоран Заев и градоначалникот Благој Бочварски дека Законот за употреба на јазиците нема да важи на целата територија на државата. Бидејќи денес во Штип ќе се одржи Седница на Владата на Република Македонија, ги повикуваме функционерите од СДСМ во Владата на Република Македонија, гордо да застанат до оваа табла и да ја овековечат нивната посета на двојазичен Штип“, истакна Игор Ефтимов, портпарол на ВМРО ДПМНЕ – Штип.

На ова реагираше министерот Филипче: „Не знам зошто на ВМРО ДПМНЕ би им сметало една таква работа. Цивилизациска придобивка е луѓето да можат да се разберат. Ние живееме во едно општество кое што го градиме да биде општество за сите, без никаква форма на дискриминација, општетсво во кое се почитуваат правилата и законите, кое очигледно на ВМРО ДПМНЕ им смета“, изјави Министерот за здравство др Венко Филипче

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Задушница пред Прочка. Денес живите се сеќаваа на мртвите

Една недела пред прочка е ден посветен на мртвите. Денес христијаните ја одбележаа задушница. „Како секаде така и овде...

Пехчево: Робово и Умлена ќе добијат нови улици

Општината Пехчево ќе ја уредува патната инфраструктура во селата Робово и Умлена. За таа цел веќе потпиша договор со фирмата изведувач. Од...

Американските разузнавачи немаат докази дека Русија ќе се меша во изборите за претседател !

Новинарката на „Си-би-ес“ Кетрин Хериџ откри дали американските разузнавачи обезбедиле докази за наводното мешање на Русија на престојните претседателските избори...

Чави нема да биде тренер на „Барелона“ – Газдите ги одбиле сите услови кои ги поставил !

Чави, легендата на Барселона, минатиот месец се спомнуваше како можен кандидат за тренерската позиција во Барселона, која остана празна по отказот што...

ВИДЕО: Наскоро ќе биде пуштен најдолгиот тунел под Алпите вредени над 11 милијарди долари !

Градежните работи на илјадници метри долгата брза железница под швајцарските Алпи се при крај, а во срцето на овој дел е најдолгиот...