Прес на СДСМ: Капиталните инвестиции во патната инфраструктура ја обележаа минатата година

148

Капиталните инвестиции во патната инфраструктура ја обележаа минатата година, рекоа на прес конференција од штипскиот огранок на СДСМ. На локално ниво лани биле изградени и реконструирани над 50 улици:
„Кога зборуваме за изградба на комплетно нови улици, зборуваме за: улиците 6 и 7 во населба Баби, три улици во населба Сењак кај објект „Луна Комерц“, нова улица во населба Суитлак, четири краци од улица во населба Железничка, изградба на краци на улиците „Радански Пат“ и „Косовска“, нови улици во Блок 2000, четири нови улици во населба Караорман, седум нови улици во Сончев град, улица „11 Конгрес“ во населба Баби, асфалтирана улица од Фаза 1 од Обиколница на Штип и улица од Фаза 2 на Обиколница на Штип“, истакна Маријана Рогожарска Поповска, член на ЦО на СДСМ.
Со исто темпо се работело и на централно ниво:
„Во 2019 година во употреба беше пуштен автопатот Штип – Миладиновци, со што Штип стана автопатски поврзан со цела Европа. Работиме на изработка на квалитетен експресен пат на релација Штип – Кочани, пат кој е од големо значење за истокот. Експресниот пат Штип – Струмица е во својата финална фаза и се очекува овој експресен пат да биде пуштен во употреба порано од предвиденото. Не само што градиме нови, туку и ги реконструираме постоечките патишта. Имено, само во 2019 година, реконструирани и рехабилитирани се 505 километри од нашите патишта“. дополни Рогожарска Поповска.
На ова реагираа од штипскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ:
„ Лажните вести на СДСМ стигнуваат до таму дека изградиле 500 км патишта – а не сме виделе ниту еден, но и дека поставуваат водовод и канализација во секое населено место, ама не можат да променат една обична цевка.
И наместо да реагираме на нивните неосновани фалби, во кои врие од лаги и невистини, и со кои лицемерно ја манипулираат јавноста, би сакале да им поставиме неколку прашања, за да се дообјаснат.
Дали после две години, конечно ќе се пушти мостот на река Брегалница? Дали до крајот на мадатот ќе успеат да ги завршат 100-те метри од коритото на река Отиња“, стои во соопштението.