Претставници од седум земји во Штип дебатираат за човековите права

0
92

21 учесник од 7 земји ширум светот во Штип дискутираат за човековите права. Се работи за проект кој го спроведува Здружението Лидери на малцинствата за општеството и има за цел да се споделат искуства во делот на почитување на човековите права низ различни земји од светот :

„Имаме учесници од Италија, Турција, Романија, Бугарија, Индија, Гана и Македонија. Целта е да се обучат и да дознаат повеќе за човечковите права и како можеме повеќе да се бориме за нив. Обуката има за цел знаењето кое ќе го стекнат овде, да го пренесат во своите земји“, кажа Маријана Богданоска, Здруж. Лидери на малцинствата за општеството.

Дебатите во Штип донеле интересни заклучоци. Дали станува збор за колективни критериуми или лична перцепција, но изненадувачки за сите се некои од констатациите :

„Пример, во Италија слободата на говор и движење е ограничена. За Иднија пак, compra orologi replica слушнавме дека е прилично демократска земја кадешто луѓето слободно може да ги искажат своите мислења. Од друга страна, во Индија се ограничени правата на жените“, вели Богданоска.

Учесниците на работилницата во Штип престојуваат од 18-ти до 26-ти септември. Во склоп на проектот, тие ја посетија и канцеларијата на Народниот правобранител во Штип, со цел да се запознаат со неговата работа и конретните случаи со кршење на човековите права.

https://www.youtube.com/watch?v=JsCJ-OD8sEM&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here