Приватна агенција ќе ја обезбедува Владата за три милиони евра ?!

Агенцијата за обезбедување НИКОБ била најповолен понудувач на три милионскиот тендер на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија за физичко обезбедување на повеќе од 30 државни објекти во наредните три години, стои на веб страницата за јавни набавки, објавено на почетокот од седмицата.

0
133

Од трите фирми кои се пријавиле, две биле одбиени и НИКОБ останала единствен наддавач на електронската аукција, па така Владата предводена од СДСМ, којашто во минатото постојано знаеше да обвинува дека властите на ВМРО-ДПМНЕ правеле своите „приватни“ компании за обезбедување.

Компанија НИКОБ ДОО ќе ги обезбедува органите на државната управа за вкупно 3,07 милиони евра, ја доби оваа услуга на тендер, а договорот ќе го склучи со Службата за општи и заеднички работи на Владата. Двете страни договорот го склучија завчера на 2-ри октомври. Услугата што „НИКОБ“ ќе ја дава опфаќа физичко обезбедување односно физичка заштита на имотот на државните органи во нивните објекти, заштита од пристап на неповикани лица и други форми на штетни дејствија како и заштита и обезбедување на личната сигурност на лицата кои работат во објектите на државната управа.

Услугата на „НИКОБ“ опфаќа и надзор врз видео камерите во објектите и одржување на редот во просторот што се обезбедува.Целиот назив на НИКОБ, всушност е „Национална агенција за обезбедување на лица и имот“, од каде и произлегува акронимот, а чиј основач и сопственик, македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, е на чело на Македонско-бугарската стопанска комора во следните две години.

Во февруари годинава агенцијата го добила тендерот за 24-часовно обезбедување на скопската општина Ѓорче Петров за околу 140 илајди евра, речиси половина година подоцна, во септември, е избрана како најдобар понудувач и за услугите во Град Скопје, во износ од 125 илјади.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here