Признанија и награди за најдобрите од штипското ОУ „Славејко Арсов“

0
100

Признанијата и наградите на учениците од  меѓуопштинските, републичките и интернационални натпревари се нашето огледало за успешната заложба од ова училиште да излегуваат генерации на млад, но квалитетно образован кадар, едногласни се вработените во најмладото штипско ОУ „Славејко Арсов“.

„Се наогаме на добар пат за да постигнеме уште подголеми успеси. Сегашните признаниа и награди ни се повеќе од стимул за вакво нешто“, објасни Павле Мицев – директор на ОУ “Славејко Арсов“.

Наставниците не го кријат оптимизмот. Велат, само со посветена работа, се добиваат позитивни резултати. Затоа и заедницата ги наградува.

„Наградата за мене значи повеќе од потпора и инспирација да продолжам уште подобро да работам со учениците за нивно поквалитетно образование“, изјави  Весна Жежова – наставник.

Наградите за учениците се повеќе од стимул за нивна натамошна поквалитетна наобразба.

„За мене наградата е особено важна бидејки ми е стимул повеќе да се посветам на учењето“, објасни  Катерина Здравкова – ученичка во ОУ Славејко Арсов.

Општината не е само опсерватор за она што се случува во образованието во градот. На свој начин, таа е и потпора за нејзино натамошно развивање.

„Како Општина секогаш ќе се залагаме за развој на воспитно-образовниот процес. За подобрување на условите за работа во секое училиште во општината, за заштита на учениците од пороци и секаков друг вид на девијантни појави, но и развивање на нивниот спортски дух, за подобрување на сите услови, како инсфраструктурани, така и кадровски во секое основно училиште во градот“, најави Билјана Казанџиска, рак. на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР.

Денеска е патронот на ОУ „Славејко Арсов“. Основано е во 1982 година. Неколку години работело како самостојно, за потем да биде како подрачно училиште на ОУ „Димитар Влахов“. Пред шест години, ја враќа самостојноста како централно ОУ во населбата Баби со 307 ученици од прво до деветто одделение.

https://www.youtube.com/watch?v=3h9EFtfEbZw&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here