Природа и здравје – Детоксикација со кромид

0
76

Во рубриката „Природа и здравје“ со Вас имаме споделено многу рецепти за детоксикација на организмот, но денешниов многу брзо, лесно и едноставно можете да го спроведете уште вечерва, затоа што за овој процес потребен Ви е само кромид.

Постапката е следна, исечете кромид на кругови, ставете го на табаните и облечете чорапи. Тоа правете го навечер, па Вашиот организам за време на ноќта ќе се исчисти од токсините кои ги внесувате во текот на денот.

Познато е дека кромидот ја чисти кожата, бидејќи ги убива бактериите, а ако оваа фосфорна киселина по пат на нервните завршетоци во стапалата влезе во крвотокот, ги чисти органите и крвта.

Ставањето кромид во текот на ноќта во чорапите е познат трик во Кина, а служи за чистење на крвта и стимулација на внатрешните органи. Во кинеската традиција се верува дека стапалата претставуваат директен контакт со внатрешните органи.

Иако има непријатен мирис, во стара Англија кромидот се користел за чистење на воздухот од микроби, за да не дојде до ширење на зарази.

https://www.youtube.com/watch?v=uZbgyDIl5Gc&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here