Природа и здравје – Мед од тиква за болести на црниот дроб

0
93

И лекарите и народните исцелители се согласни, правилно избраната храна го лечи црниот дроб. Денес ќе објасниме како да се користи тиква за здравјето на овој важен орган. Ви го презентираме рецептот за мед од тиква кој доаѓа од грузиската народна медицина.

Потребни состојки се здрава, зрела тиква и шеќер.

Еве како да направите мед од тиква за здрав црн дроб.

Потребна е тиква со средна големина, а постапката е следна:

Прво, внимателно измијте ја тиквата и исушете ја. Исечете го врвот, но не го фрлајте – ќе служи како капак.

Отстранете ги сите семки од тиквата. Ако не се исчисти правилно, може да ферментира. Издлабената тиква треба да наликува на чинија.

Вака подготвената тиква наполнете ја со шеќер. Не ја полнете целосно, оставете барем два сантиметри празнина до врвот. Ставете го капакот од тиква и добро затворете го. За таа цел можете да направите природен лепак од брашно и вода и да го „запечатите“. Така, малите инсекти, бактерии и воздух нема да влезат во внатрешноста.

Ставете ја тиквата во чист, емајлиран сад и чувајте ја на ладно, суво место 10 дена. Тиква треба да биде во емајлираниот сад додека кората не стане мека.

Штом се раствори шеќерот, медот од тиква е подготвен и може да се истури во соодветен сад – тегла или стаклена чинија со капак.

Медот од тиква ја подобрува функцијата на црниот дроб, го регенерира по земањето силни лекови, како што се антибиотиците. Корисен е за луѓето кои имале хепатитис или замастување на црниот дроб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here