Природа и здравје – Напиток против несоница

0
77

Нашето целокупно здравје зависи од нашиот сон во текот на ноќта. Но, многу луѓе страдаат од несоница која може да доведе до низа здравствени проблеми, ако не се спречи навреме.

Еве рецепт за подобар сон.

Потребни состојки: 1 банана; 1 литар вода; ½ лажиче цимет.

Постапката за подготовка:

Најпрво зовријте ја водата. Потоа, исечете ги краевите на бананата, па ставете ги во водата што врие. Оставете да се вари 10 минути. Процедете ја течноста и додадете малку цимет за да го подобрите вкусот. Овој напиток треба да го пиете еден час пред спиење.

Во оригиналниот рецепт, бананата се става нелупена. Но поради претпазливост (од разни пестициди) најдобро е претходно добро измиената лушпа да ја третирате со солен раствор, сода бикарбона или киселина.

https://youtu.be/ur59Po6gRv4

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here