Природа и здравје – Рецепт за хормонален баланс

0
69

Квасот е ферментиран пијалок со докажани лековити својства. Денес Ви го презентираме квасот по рецепт на академик Болотов кој го чисти дигестивниот тракт , ја подобрува состојбата на кожата, а овој пијалок е многу корисен за црниот дроб и проблем со хормоналната нерамнотежа.

Потребно ви е:

– газа или чиста кујнска крпа

– стаклени шишиња со пластични затворачи

Состојки :

– 4 литри зовриена вода и 3 супени лажици (45 милилитри) топла вода

– малку свеж ѓумбир, излупен и исечен на тенки тркалца

– изрендана кора од свеж лимон

– 50 грама суво грозје

– 125 грама шеќер

– 750 грама сув или стар ‘ржан или црн леб, исечен или изронет на ситни парчиња.

Еве како да го подготвите.

Во затворено големо тенџере загревајте ја водата сè дури не почне да врие. Наредете ги парчињата леб во тава за печење и печете ги околу 30 минути на температура од 180 степени Целзиусови сè дури тие не станат тврди. Ако лебот е стар, треба да се пече само 15 минути.

Кога ќе зоврие водата, тргнете го тенџерето од ринглата, додајте леб и кратко промешајте за да се добие хомогена маса. Убаво затворете го и оставете го да стои 5 часа.

Обложете ја цедилката со слоеви газа и поставете ја врз чиста чинија или врз тенџере. Процедете ја смесата од леб и вода низ газа, притискајќи со дрвена лажица за добро да се исцедат парчињата леб. Исфрлете ги трошките.

Додајте квасец во топла вода и оставете го 2 минути за да нарасне.

Кога ќе нарасне квасецот, додајте го шеќерот, кората од лимон и ѓумбирот во претходно подготвената течност; покријте со крпа и оставете да престои преку ноќ (8-12 часа).

Процедете ја течноста низ цедилка за да ги тргнете ѓумбирот и кората од лимон, а потоа прелијте ја течноста во стаклени шишиња, но не полнете ги до крај, туку оставете малку место за процесот на ферментација да може да продолжи. Додајте по една шака суво грозје во секое шише, потоа затворете ги со тапа и оставете ги да престојат 2-3 часа. Ставете ги да се изладат во фрижидер.

https://youtu.be/-yCt_5XkpNk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here