Природа и здравје -Сируп за подобар имунитет

355

Во време на пандемија предизвикана од КОВИД -19, покрај почитување на владините препораки, важно е да се обрати внимание на имунитетот.
За таа цел во рубриката “Природа и здравје„ нудиме домашен сируп за „екстра“ имунитет.
Состојки:
1 чешне искршен лук
2 лажици мелен ѓумбир или 1 лажица рендан корен од ѓумбир
Пола лажица мелени чили пиперчиња
Пола лажица мелен цимет
2 лажици мед
1 dl свежо исцеден сок од лимон
Измешајте ги сите состојки освен медот, а потоа додадете го медот. Оставете 3 часа на собна температура, а потоа мешавината ставете ја во добро затворен стаклен сад и чувајте ја во фрижидер.
За подобрување на имунитетот, дневно конзумирајте лажица од сирупот наутро, на празен стомак.
Ако веќе сте настинати, конзумирајте по една лажица сируп три пати во денот пред оброците.