Природа и здравје – Со бамја и лук против хеликобактери

0
116

Хеликобактер пилори живее во желудникот на човекот, поточно во површниот слој на желудочната лигавица. Денес хеликобактер пилори инфекцијата се смета за најчеста инфекција кај човечкиот род, со приближна застапеност од 50 отсто од светската популација Застапеноста на хеликобактер пилори инфекцијата во Македонија е околу 50 %.

Иако е толку честа оваа инфекција, малкумина знаат како да се справат со изразените и бројни симптоми кои ги дава оваа бактерија. Решението е во намирници кои се во нашата кујна.

За лукот знаеме дека е моќен природен антибиотик, а и во ваква ситуација ни доаѓа напомош. Народната медицина вели потребно ви е едно чешне лук со никулец секој ден. Голтајте го цело од 7 до 14 дена во континуитет и резултатот ќе биде одличен.

За оние кои не сакаат лук или пак им смета интензивниот мирис кој знае да се јави по конзумирањето лук имаат алтернатива, а тоа е бамјата. Се вели една бамја на ден дава ист ефект. Користете ја свежа во салата или на начин како вие знаете да ја подготвувате, но важно е да се придржувате на правилото кое вели – секојдневна конзумација од 7 до 14 дена.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here