Природа и здравје – Фенугрик за подобро варење на храната

0
74

Арапските мудреци велат: “Ако луѓето знаеја какви се вистинските придобивки од Фенугрик, требаше да го продаат по цена на злато”.

Фенугрик, значи “грчко сено”и е билка која се користи за готвењето и во хербалните лекови. Потекнува од јужна Европа, западна Азија и Медитеранот.

Фенугрик има антивоспалителни својства, се употребува при третман на улцеративен колитис, може да има влијание врз либидото, а денеска конкретно ќе се задржиме за тоа како да ја подготвите билката доколку имате проблем со варење на храната.

Во вечерните часови ставете кафена лажичка од семето во чаша ладна вода. Во утринските часови, водата со семе се преврива, а потоа се лади. Додајте лажичка мед. Земете го овој освежувачки тоник 30 минути пред јадење. Го подобрува варењето на храната, но има и поволно влијание врз нервниот систем.

Фенугрик не треба да го користат жени кои се бремени затоа што тоа може предизвика предвремено породување.

https://youtu.be/e56Zf_iCAHE

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here