Пробацијата ќе ги намали затворските проблеми

138

Пробацијата ќе ја намали пренатрупаноста во затворите и затворските трошоци. Станува збор за можност која им се дава на осудениците – сторители на полесни кривични дела, затворската казна да ја заменат општо-корисна работа.
Калкулациите покажале дека еден затворски ден чини 950 денари, додека еден пробациски ден е трошок од само 50 денари:
„За намалување на затворска популација каде што котираме на високо ниво во регионот, намалување на буџето. Факт е дека еден ден затвор чини 950 денари наместо 50 денари за пробациски третман“ изјави Јовица Стојановиќ, директор на Управа за извршување санкции
Но и покрај ова, бројот на лица опфатени со пробација во Македонија, а особено во источниот дел, е многу мал:
„Во Скопје имаме близу 200 изречени мерки условен отпус со заштите надзор и само една општо корисна работа. Во овој регион со имаме едвај 7-8 мерки“ изјави Васко Тодоровски, извршен директор на здруж. Зелена лупа
Во Штип, со процесот на пробација се опфатени 6 лица:
„Шест случаеви се успешно реализирани од кои што сите се со условен отпус со заштитен надзор. Целосната суштина е во поглед на ресоцијализаиција и доста сме успешни во тој дел“ изјави Душанка Срцева, Пробациска канцеларија – Штип
Законот за пробација е донесен во 2015 година, но и пет години подоцна се уште не може да се каже дека тој е целосно ставен во функција.
Токму и поради ова, во наредните 20 месеци, здружението Зелена лупа, со сите инволвирани и надлежни институции ќе работи на негова поголема примена.
Во таа насока , првиот иницијален состанок се одржа денес во Штип, а на истиот присуствува апретставници од повеќе надлежни министерства, судии и претставници од затворите.