Пробиштипјанец нападнал со нож семејство во центарот на градот

0
407

Караниците го пополнија билансот на повредни во пробиштипската и пехчевска општина. Во Пробиштип, во различни временски периоди се случиле два инцидента. Првиот е нотиран во 17.30. Пробиштипјанецот О.Р. пријавил дека на улица „Јаким Стојковски“ во Пробиштип додека бил со неговата сопруга поради претходна расправија бил нападнат со нож од страна на Г.Ѓ. од село Калниште, пробиштипско. По претходна вербална расправија Г.Ѓ. замавнал со нож, со намера да го повреди пријавителот, но и нанел гребаница во пределот на слабината на сопругата на О.Р. По настанот, пријавениот во село Калниште отишол во дворот кај семејството на В.А. Со дрво се обидел да ги удри децата на В.А., нивната мајка и баба. За среќа бил спречен од неговата мајка и брат. Насилникот е приведен. За инцидентот е известен Јавен обвинител.
Нешто подоцна, на улица „Јане Сандански“ пред својата куќа во алкохолизирана состојба дошол И.С. и почнал да тропа на вратата од делот на куќата во која живее неговата сопруга М.С. (со која живеат одвоено), ја скршил вратата , влегол во собата и почнал да и се заканува. Во меѓувреме, во куќата влегла и сестрата на оштетената, но истиот продолжил да ги омаловажува и да се заканува. Лицето е приведено во Полициска станица, одземен му е пиштол кој го поседувал со дозвола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден во попладневните часови на место викано К`кавица атар на Пехчево, настанала вербална, а потоа и физичка пресметка помеѓу В.М. од Пехчево и негоциот сограѓанин С.К., кој со себе носел секира. По укажаната лекарска помош во Здравствен дом-Пехчево, 65 годишниот В.М. бил препратен во Медицински центар Кочани, а 63 годишниот С.К. кој се здобил со тешки телесни повреди бил препратен во Медицински центар Штип. Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за расчистување на настанот.

https://www.youtube.com/watch?v=xVk3vacgF0s&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here