Проблем во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани. Професорка обвинува за јавно омаловажување. Доаѓа и од работа заминува кога сака, врати директорот.

243

Веќе неколку дена  професионален проблем  е присутен во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани.  Оттаму, наставничката по македонски јазик Ана Симонова се жали дека од страна на директорот Благој Давитков јавно била навредувана и омаловажувана.

„Јавно бев прозивана пред 60 вработени, пред нив беа изнесени мои лични податоци за отсуство и причините за нив  а истотака беа употребени и безбедносните камери преку кои директорот односно преку неговиот телефон со преземени слики покажуваше на сите врботени“  Подоцна сите тие информации беа објавени и по порталите“ изјави Ана Симонова, наставничка

Наспроти наставничката Симонова, директорот  Давитков тврди.

„Обвинувањата од страна на колешката се трајно неосоновани и не станува збор за никакво малтретирање. Ако за некој претставува малтретирања  ако му се каже дека не доаѓа на време на работа, предвреме го напушта работно место, и не ги исполнува работните обврски мислам дека тоа не е малтретирање во 15:51 да го напушта работното време а треба во 18:30 и веќе неколку пати е опоменувана“  изјави Благој Давитков, директор

Проблемот помеѓу двајацата педагози многу бргу ја напушти  училишната зграда и  во јавноста за него  беше покажан интерес по различни основи.

„Ситуацијата излезе од контрола и не е во ред да се мешат други  на пример политички партии или некомпетентни лица. Нека дојде просветен инспекторат и нека се виде“ изјави Благој Давитков, директор

За наставничката Симонова  дилеми нема, и случајот веке  го пријавила.

„Реагирано е до сите надлежни институции и очекувам дека истите ќе имаат слух за овие навреди, понижувања и мобинг како наставник“  изјави Ана Симонова, наставничка

Освен овој проблем,  Раде Кратовче во јавноста во последно време  е актуелно по неколку случувања. Таму  не толку одамна наставник беш нападнат  и уценуван од  родител на ученик а уште  поголема популарност ова училиште  собра   откако се утврди дека  11 годишната  бремена ученичка  го посетувала истото  училиште.