Променливото време ги полни ординациите

0
79

Нестабилното време не е погодно за метеопатите и хроничните болни. температурните осцилации и зачестените дождливи попладниња во последно време го зголемија обемот на работата на ординациите.

  • Имаме зголемен број на пациенти особено со кардиоваскуларни и респираторни проблеми, истакна д-р Златко Стојменов – интернист.

Лекарскиот совет и апел до хроничните болни е повеќе од полезен:

  • Редовна терапија, внимателно со изложување на сонце, но да внимаваат и кога нема сонце, зашто влажноста на воздухот е исто така опасна, предупредува д-р Стојменов.

Согласно долгорочните прогнози на синоптичарите дека ова лето ќе биде дождливо, работата во ординациите нема да стивне се до стабилизација на временските услови.

https://youtu.be/XncS3lFUddo

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here