Промовирани петмина нови доктори на науки во Штип

0
412

Промовирани петмина нови доктори на науки во Штип, во склоп на манифестацијата „Митровденски средби“, која традиционално се организира по повод Денот на ослободување на Штип.

Дел од нив, својот за свој докторски труд истражувале на теми од областа на правото :

„Во фокусот ми беше ставена жената како сторител на кривични дела, тоа ми е и насловот на трудот“, изјави Елена Максимова, доктор на правни науки.

Освен на правни, промовирани беа и доктори на науки од областа на техничките науки.

Тема на истражување била теоретска и нумеричка анализа, проследена со експериментално испитување, со цел детекција и следење на состојбата на континуирани витки елементи :

„Денешните технички системи и покрај тоа што произлегуваат од технологии и задоволуваат високи стандарди, не може да се гарантира со сигурност дека ќе функционираат без притоа да се појави оштетувње“, објасни Марјан Џидров, доктор на технички науки.

Денешната манифестација за промоција на доктори на науки беше 17-та по ред. Досега, во склоп на „Митровденски средби“ промовирани се 183 доктори на науки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here