Промоции на книги на Кирил Манев

0
44

Несомнено еден од главните носители на афирмацијата на Штип биле неговите спортисти. Колегата Кирил Манев, ги детектира најзначајните спортски имиња, кои со своите меѓународни успеси придонеле Штип да биде познат на сите меридијани во светот. Ова  го преточува низ стотина страни со текст и слики во своето 19-то авторско дело „Штипски спортски промотори“. Во истовреме го нотира и фактот колку Штип бил застапен во македонските и странски медиуми.

„Од тројцата олимпици, Зоран Шоров, Киро Ристов, Симеон Шутев, тројцата каратисти браќата Сашко и Жарко Арсовски и двократниот европски прват Емил Павлов. Исто така ги споменувам и борачите, Дејан Богданов, Дејан Митров, Бобан Данов и Марјан Наумов. Сите тие се своевидни амбасадори на штипскиот и македонски спорт во светот“, објасни спортскиот новинар Кирил Манев.

За последните авторски дела на колегата Манев говори и пензионираниот спортски новинар, инаку, промотор на неговите книги на нивната денешна промоција, Миодраг Мицковиќ.

„Искрено верувам дека колегата Киро Манев ќе има можност да направи уште една книга, како своевидна историска хроника не само за спортот во Штип, но и од други области на катадневното живеење. Импресивен е книжевниот опус на колегата Манев од 20 авторски наслови од областа на спортот. Тоа е своевидна историја преточена во страници што остануваат за идните гтенерации како учебник“, оцени рецензентот Миодраг Мицковиќ.

Своето 55-годишно новинарско искуство, Кирирл Манев го публицира во 20 книги од областа на спортот. Овој мошне обемен том од наслови, според многумина познавачи на спортските прилики, е убава можност да биде неизоставен дел од училишните, но и домашни библиотеки. Неисцрпен извор на податоци и сознаниа за младите генерации.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here