Пропадна Собранието на ФФМ во септември. Фудбалот останува без прв човек

0
102

Нема крај на драмата во Куќата на фудбалот, откако Комисијата за верификација ги одби кандидатурите на Влатко Костов, Харалампие Хаџи-Ристески и Вујадин Станојковиќ.

Единствен кандидат за прв човек на македонскиот фудбал остана Сашко Тасев, но незадоволството од одлуката на Комисијата да ги одбие другите тројца кандидати се претвори во притисок и напади кон Тасев, дека самиот е дел од играта за монополизирана ФФМ, па тој денеска ја повлече својата кандидатура.

Сега ФФМ нема ниту еден кандидат за претседател, па Федерацијата одлучи да го откаже закажаното собрание за 1-ви септември:

„Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател која беше закажана за 1 септември 2018 година поради повлекување на поднесената и утврдена кандидатура за претседател на ФФМ се откажува. Управниот одбор на ФФМ, администрацијата и другите тела и органи на ФФМ во наредниот период активно ќе работат со цел организација на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател почитувајќи ги одредбите од Статутот на ФФМ и водејќи сметка да се обезбеди максимална конкурентност и транспарентност во целиот процес.“ – стои во соопштението на ФФМ.

Ова значи дека најмоќната спортска федерација и понатаму останува без прв човек уште неодреден временски период.

https://www.youtube.com/watch?v=5QQPmdB8dZw&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here