Работнците од културата денес беа на работа но не работеа. Лути се што Владата не го потпишува колективниот договор.

248

Работниците од култруните институции во државата денес беа на работа но не работеа. Тие се лути на Владата зашто веке 2 години ги влечкала и не го потпишувала Колективниот договор а кој се однесува на бројни аномалии во врска со непочитување на работничките права, како што е …
„Веќе 15 години владее комплетен хаос во културата,со повеќе разлчни плати за исто работно место ,не се исплаќаат додатоци по различни основи , основи како на пример според услови на работа , прекувремена работа, работа за време на празници , саботи и недели.Значи тоа се оние работнички права кои треба да се уживаат, но за жал кај нас во културата не се уживаат“Изјави Сања Арсовска – претседател на СКРМ
Аналогно на останатите, солидарни со барњата беа и вработените во трите штипкси институции од културата. Наместо работа, имаше протестна седенка.
„Денес единствено штрајкуваме од утре ќе продолжиме со редовните работни обврски и ќе бидеме во исчекување на одлуката на министерството дали после први јануари ќе го спроведе колективниот договор кој што го бараме да се потпише“изјави Ангелка Нашкова – претседател на СК – Штип
Иако протесттот е еднодневен , многу лесно тој може да биде пролонгиран доколку Владата се обиде повторно, како шт тие велат , да се извлече.
„Доколку не се , по новогидишните празници ќе штрајкуваме до конечно исполнување на барањата“изјави Сања Арсовска – претседател на СКРМ
Во државата засегнати со овој проблем се околу 1800 работници од културата додека во Источниот регион тој број е околу 200.