Home Штип Расте бројот на заразени од Корона вирус во Штип, освен детето, позитивна...

Расте бројот на заразени од Корона вирус во Штип, освен детето, позитивна е и бабата

Најмалку двајца заразени од Корона вирусот се во Штип. Попладнево на прес конференција, позитивниот наод од резултатот на бабата на заразеното девојче го потврди министерот Венко Филипче.
„Имаме три нови случаи на потврдена инфекција во Државата. Една пациентка патувала во Србија, вториот случај е бабата на заразеното девојче од Штип и уште еден пациент од Скопје“, истакна Венко Филипче – министер за здравство.
Попладнево, за ТВ Стар, директорот на КБ Штип др Ален Георијев, информира. Девојчето во придружба на нејзината мајка, како и бабата се на домашно лекување, поради покажаната лесна клиничка слика.Со цел за зголемување на ефикасноста во борбата против ширењето на заразата од Ковид 19, Кб набави и дополнителни количини од опрема за заштита како на медицинскиот персонал, така и на пациентите…
„Пред два дена набавивме дополнителни 200 скафандери, од вчера имаме 18 нови далечински мерачи за температура. Денеска согласно одделите во болницата персоналот ќе добие заштитни наочари. Во сите простории, каде имало граѓани, попладне ќе се дезифинцираат, и поставени се апаратчиња за лична дезинфекција на секој оној кој ќе влезе во болничките простории, изјави дрГеоргијев
Доследно треба да се почитуваат превентивните мерки за да не дојде до ескалација на ширењето на вирусот, бидејќи штипската КБ има ограничени ресурси, подвлече нејзиниот прв човек. Но, доколку состојбата ескалира, болницата има излезно решение …
„Зборуваме сега теоретски, би можело во таква ситуација расположливо ќе биде одделот за интензивно лекување за реанималција и анестезија. За да имаме интензивно лекување, мора да има централен довод на кислород. За таа цел ние имаме такво нешто во одделот за интензивно лекување. Таму имаме осум кревети приклучени на довод на кислород, а ние како болница во моментов располагаме со три респиратори, еден траспортен респиратор, двете машини за анестезија може да бидат корстени како апарати за респирација и во моментов во тек е тендерот за набавка на нов респиратор. Тендерот би завршил до средината или крајот на наредниот месец, информира дрГеоргијев
На средбата со новинарите, Георгијев уште еднаш апелира до штипјани строго да ги почитуваат препораките за спречување на ширење на заразата од Корона вирусот, односно, редовно миење раце, избегнување присуство во големи групи, да седат дома, а да излегуваат доколку е неопходно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за храна !

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција. Ова...

50 % од луѓето можат да го имаат Корона вирусот, но да немаат никакви симптоми, но ќе го пренесат на други !

Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо...

Заради криза со вирусот на западот, кинескиот бизнис во опаѓање – Се бараат само заштитни маски !

Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување...

Коронавирусот зарази над еден милион луѓе на планетава !

Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат најновите...