Расте интересот за земјоделие во Штипско

0
160

Расте интересот за земјоделие во Штип и Штипско, информираат од Подрачната единица за земјоделство. Според нивната евиденција, годинава споредено со претходната, фондовите и владините субвенции, за земјоделците се се поатрактивни :

„Во Штип и Штипско, бројот на корисници кои се пријавиле за користење на државни субвенции за земјоделско и сточарско производство, млади лица кои се одлучиле да replica watches UK станат земјоделци и сточари и на оние кои аплицирале на ИПАРД фондовите е зголемен за околу 15%“, изјави Павел Иванов, рак. на ПЕ Земјоделие – Штип.

Според Иванов, ова е еден од начините невработените млади лица да си обезбедат егзистенција :

„Благодарение на вавките мерки, младите луѓе се одлучуваат на ваквиот чекор за самовработување, кое од друга страна влијае на стапката на невработеност на младите луѓе“, дополни Иванов.

Вклучувањето на младите во агро бизнисот е една од целите и на ресорното Министерство. За таа цел, зголемена е финансиска поддршка за 4 пати во споредба со претходно и во моментов истата изнесува 4 милиони евра годишно.

https://www.youtube.com/watch?v=rV8GeO44DGk&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here