Расте невработеноста – Од февруари до јуни, без работа станале близу 28.000 лица !

109

И покрај олеснувањето на мерките за борба против Ковид-19, невработеноста во земјата се искачи на 16,7 проценти во второто тримесечје, покажуваат податоците од последниот извештај на Државниот завод за статистика. Заводот проценува дека 159 623 мажи и жени во земјата биле невработени во последното тримесечје година.Во споредба со првите месеци од 2020, бројот на невработени се зголеми за околу 3 000.

Но Агенцијата за вработување дава подраматични бројки. Во јуни бројот на невработени се зголемил за 27 639 лица во однос на февруари, односно пред појавата на крона вирусот. И бројката на невработени изнесува 133 455 лица.

Од Агенцијата објаснуваат дека од 11март до 31 авгус 12. 580 лица прекинале да работат. 45% од нив им истекол договорот на определено, 23% спогодбено си заминале од работа, а останатите добиле отказ или фирмата отишла во стечај.

Од Бизнис конфедерацијата велат дека државата можела повеќе да направи за да ги зачува работните места.