Home Регион Регионот за момент може да здивне. Бројот на изолирани денес помал....

Регионот за момент може да здивне. Бројот на изолирани денес помал. Негативни и резултатите на 5 лекарки од Кожно

Негативни се резултатите на пет од вкупно седум брисеви земени од  лекарки и медицински сестри од Штипското кожно одделение како и од приватни дерматолошки амбуланти, кои биле во контакт со заболената лекарка од Скопје. За уште два земени бриса се чекаат резултатите. Во меѓувреме, се чекаат и резултатите од 11 брисеви земени на контролниот пункт во Штип. Оттаму, се апелира, граѓаните точно да го почитуваат закажаниот ермин, з ада се избегне присуство и контакт на повеќе луѓе на пунктот:

„Досега имаме изработено 11 бриса во овие три дена. Предвидено е по седум бриса да се изработуваат“ изјави Марија Димитрова, дир. на Центар за јавно здравје – Штип

Инаку,  Регионот за момент може да здивне. Бројот на изолирани денес помал и изнесува  525 лица.

Општина Штип и денеска останува град со најмногу лица кои се во самоизолација  256 , од кои  25 лица и понатаму се со решение.

Кочани, Општина Чешиново Облешево и Зрновци трите општини заедно имаат бројка од 111 лица во задолжителна самоизолација од кои во Кочани се 63, Чешиново-Облешево  4 и Зрновци 6. Меѓу лицата кои се во самоизолација се и 37 возачи на камиони во европските држави. 

Во останатите општини состојбата е следна: Пробиштип 54,Берово 77, Пехчево 13,и општина Карбинци и понатаму останува на 9 лица во задолжителан самоизолација.

Во Македонска Каменица бројката изнесува 11, а таму веќе се шијат 7.000 заштитни маски за сите жители:

„Од нашиот буџет веќе нарачавме 4000 маски кој што ќе ги шие локална конфекција и рудник Саса се понуди за уште 3000 што сметам дека е доволно за сите граѓани“ изјави Соња Стаменкова-градоначалник на Мак. каменица

И останатите градови од истокот спроведуваат засилени мерки за заштита од корона вирусот. Општина Делчево каде бројката во моментов е 30 лица кои се наоѓаат во задолжителна самоизолација веќе подоготвуваат просторија за карантин

„Во здравствениот дом во Делчево имаме празни простории тоа се поранешниот центар за Дијализа кој се слободни и го расчистуваме во моментот и го ставаме во употреба. Спремаме кревети за евентуално поголемо сценарио“ изјави Марија Глигоровска, дир. на Здрав. дом –  Делчево

Вчера се регистрирани и прекршувања на полицискиот час, од страна на жители на Македонска Каменица:

„Во Македонска Каменица 2 лица не го почитувале полицискиот час кој трае од 21.00 до 5 часот наутро и се приведени во полициската станица. Истите  ќе бидат обвинети за истото кривично дело по член 206 од кривичниот законик“  информираат„од ПС Делчево.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Белгија го заврши фудбалското првенство пред време – Бриж нов шампион !

Белгија е првата земја во Европа чија фудбалска федерација ќе донесе одлука што да се прави со првенството и покрај тоа што...

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за храна !

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција. Ова...

50 % од луѓето можат да го имаат Корона вирусот, но да немаат никакви симптоми, но ќе го пренесат на други !

Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо...

Заради криза со вирусот на западот, кинескиот бизнис во опаѓање – Се бараат само заштитни маски !

Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување...