Режисерот Мајкл Мур го спореди Трамп со Хитлер !

0
62

Режисерот Мајкл Мур го спореди американскиот претседател, Доналд Трамп, со Адолф Хитлер во својот нов провокативен документарец „Фаренхајт 11/9“, кој светската премиера ја имаше во четвртокот на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.

Во документарниот филм се истражува кои сили довеле до победа на Трамп на претседателските избори во ноември 2016 година, односно се прави паралела со подемот на Хитлер во 30-тите години на минатиот век во Германија.

Белата куќа не е достапна за коментар во врска со ова прашање, објави „Ројтерс“.Во филмот, од еден дел, во видеоснимки од конференции на Хитлер се ставаат зборови на Трамп.

„Тој (Трамп) е присутен веќе долго време, а ние веќе долго време се однесуваме на ист начин. Доколку погледнете наназад, ќе видите како сме му го поплочувале патот“, рече режисерот Мур.

„Новиот филм e повик до Американците за акција“, рече Мур, кој освои Оскар во 2003 година за документарниот филм за вооруженото насилство Bowling for Columbine.

„Во војна сме да ја вратиме нашата земја“, додаде тој, подвлекувајќи дека секој кој не разбира дека ова се случува ќе биде горко разочаран од резултатите на Доналд Трамп следната година.Називот „Фаренхајт 11/9“ филмот го добил по раните утрински часови на 9 ноември 2016 година, кога републиканскиот кандидат Доналд Трамп официјално прогласи победа над кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here