Реномето за квалитетот на кочанскиот ориз драстично паднато

0
105

Над 20% помал пласман имаат кочанските откупувачи, по веста дека во оризот од овој крај има генетски модификации. Ова се првите штети од, како што ја нарекуваат самите, бомбата која одекна во јавноста.

Последиците најмногу се чувстуваат при обидот оризот да се пласира на странските пазари, тврдат откупувачите :

„Сега ние како продавачи на тој ориз имаме сериозни проблеми затоа што лошите вести брзо се шират. Од странски партнери немаме најави бидејќи тоа одекна негативно за овој бренд, но се надевам дека брзо ќе се свати дека во кочанскиот ориз нема ГМО“, објасни Николчо Ѓорѓиев, сопственик на Мак Млин – Чешиново.

Дали незаинтересисраноста на странците за откуп на кочанскиот бренд ќе се зголеми, останува да покаже периодот што следи.

Во меѓувреме, при крај е жетвата на овогодинешната реколта, но ниту оваа година нема да биде по мерка на производителите :

„Покрај се ова што го спомнуваме, се појави уште една приордна непогода за примарните производители. Сланата оваа година падна порано, што значи дека ќе имаат проблем со рандаманот“, рече Ѓорѓиев.

Како и секоја година, и оваа производителите на ориз бараат 25 денари за арпа и 50 денари за килограм бел ориз, цена која вообичаено за откупувачите е висока. И едните и другите, чекаат на помош од државата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here